Дома Фудбал Останато Мурињо после Суперкупот: Првиот гол Реал го постигна од офсајд

Мурињо после Суперкупот: Првиот гол Реал го постигна од офсајд

Жозе Мурињо, првиот човек на клупата од Манчестер Јунајтед, на пресконференцијата после дуелот со Реал Мадрид во Суперкупот, посочи еден момент кој според него влијаел врз конечниот резултат и поразот од Реал (1:2) во Суперкупот, но напомена дека неговите играчи не треба да бидат разочарани.

Реал на „Филип Втори“ славеше со головите на Каземиро во првото и Иско во второто полувреме, а единствениот гол за Јунајтед го постигна Лукаку.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, според Мурињо, првиот гол бил постигнат од офсајд и тој момент го одредил понатамошниот тек на натпреварот.

„Еден од нивните голови беше постигнат од офсајд. Да постоеше ВАР системот на овој натпревар резултатот ќе беше 1:1“, рече Мурињо, дополнувајќи дека неговите играчи му пружиле достоен отпор на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Претставени четири опции: Хајдук добива стадион од 200 милиони евра?

Хрватскиот фудбалски гигант Хајдук можеби ќе добие нов стадион со буџет од 200 милиони евр…