Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо откри какво е расположението во соблекувалната по поразот од Манчестер Јунајтед во средата.
Мурињо започна со три последователни победи во Тотенхем, но во средата го доживеа првиот пораз и тоа на „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Видов тажна соблекувална, тажен автобус и тажен авион. Не сакам да го гледам ова после пораз. Вие не можете да бидете тажни. Мора да бидете многу повеќе од тоа. Да бидете лути. Тоа нема да ги реши нашите проблеми. Очигледно дека имаме проблеми, но ни треба време да работиме на нив. Но, имаме играчи со квалитети и одлична соблекувална“, изјави Специјалниот.
Португалецот не успеа да го убеди Ериксен да го продолжи договорот со „петлите“ и се очекува тој да си замине од клубот во јануари.
„Секако дека разговарав со него за да увидам што е најдобро за мојот клуб. Мојот клуб е поважен од сите играчи,а играчите се многу поважни од мене. Но клубот е поважен од сите нас. Нема да ви одговорам дали ќе остане, мислам дека тој треба да ви каже“, изјави Мурињо.