Изјавите на Жозе Мурињо секогаш интересни, но и опасни, овој пат тој би можел да направи сериозен проблем во репрезентацијата на Франција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој пат на „удар“ на Мурињо се најде фудбалерот кој ова лето премина од редовите на ПСЖ во Јувентус.
„Пол не е баш среќен. Знаете, тој може испишува историја во фудбалот. Тој е голем талент. Ние во Манчестер Јунајтед имаме баланс на средината на теренот со што би ги покриле просторо многу подобро. Со Блез Матуди во тимот на Франција…Мислам дека Пол не е баш најсреќен“, изјави Мурињо.
Секако, Погба може да излезе во јавноста со изјава дека тоа е само став на Мурињо, но кога ова ќе го прочитате сигурно добивате впечаток дека Погба му се пожалил на Португалецот дека му тешко да настапува за националниот тим.