Дома Фудбал Англија Мурињо на интересен начин им се одмазди на новинарите кои го заменија со Зидан

Мурињо на интересен начин им се одмазди на новинарите кои го заменија со Зидан

Португалецот одлучи да им се одмазди на новинарите кои веќе го отпишаа и на тренерското столче на Манчестер Јунајтед го донесоа Зинедин Зидан.

Мурињо освен со дел од играчите и клупската оправа има нарушен однос и со новинарите кои го следат Манчестер Јунајтед.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Логично гигантот од „Олд Трафорд“ е во резултатска криза, а „специјалниот“ одлучи да им се одмазди на луѓето од „седмата сила“ за информациите дека Зидан ќе го наследи.

Португалецот денес повлече несекојдневен потег, па редовната конференција за пред натпреварот со Њукасл ја закажа за утре во – осум часот наутро!

Тоа е интересно зошто дури пет часа порано од вообичаеното време на Островот, иако оваа сезона Мурињо знаеше да се појави и половина час порано и да го завршо обраќањето после неколку минути без да одговара на прашања.

Ќе потсетиме, Манчестер Јунајтед оваа сезона победи само на 40% од натпреварите што претставува најлош старт на клубот во последните 29 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал ита кон титулата, но и големо засилување од Баерн: „Близу е!“

Лондонскиот клуб оваа сезона по долго време може да се искачи на тронот на Премиер лигата.…