Дома Фудбал Англија Мурињо му одговори на Солскјер: Ќе се обидам да најдам работа како него!

Мурињо му одговори на Солскјер: Ќе се обидам да најдам работа како него!

Натпреварот помеѓу Тотенхем и Јунајтед кој требаше да се игра во недела е одложен како и сите натпревари од Премиер лигата, но тоа не го спречи „препукувањето“ помеѓу двајцата менаџери.

Оле Гунар Солскјер зборуваше за својот колега и претходник на клупата на Јунајтед, Жозе Мурињо.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Мислам дека сум вистински човек за оваа работа, јас сум црвен и знам што е Јунајтед. Само не сакам да седам тука и да се фалам по цел ден“, изјави Норвежанецот алудирајќи на „Специјалниот“.

Сепак, не се чекаше долго на одговор од страна на Мурињо.

„Судејќи по она што го гледам, Солскјер и Вудворд направија добра работа, но имаат уште подобар пи-ар за да покажат дека создале добра атмосфера во клубот. Добро го прават тоа“.

„Ќе се обидам да најдам работа како Оле во иднина каде ќе зборувам за иднината и нема да се бараат резултати од мене во сегашноста. Мислам дека тоа е одлична ситиација – три години договор, млади играчи и да се чека на резултати во иднина“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблем за Реал, заврши сезоната за Карвахал

Реал Мадрид скапо ја плати победата над Виљареал од 2-0, откако во самиот финиш од мечот т…