Дома Трансфер зона Мурињо крена раце, патот до Каталонија слободен: Барселона се подготвува за пречек на најголемото засилување!

Мурињо крена раце, патот до Каталонија слободен: Барселона се подготвува за пречек на најголемото засилување!

Манчестер Јунајтед повеќе не го сака Антоан Гризман, ексклузивно пренесуваат мадридските медиуми.

Како што се наведува, Жозе Мурињо и соопштил на управата дека ќе се насочи кон други интереси, односно Гризман во моментов не му е неопходен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа значи само едно, на Барселона и е отворен патот до напаѓачот на Атлетико Мадрид, а токму најмногу и се поврзуваше последниве денови со трансфер на „Камп Ноу“.

Гризман летово господски се одлучи да потпише нов договор со Атлетико по кој клаузулата му е 200 милиони евра, но само до истекот на забраната за регистрација на играчи, а потоа повторно би била 100 милиони до 1. јули 2018. година.

Барселона е подготвена да ја плати таа сума, Мурињо се насочува кон други мети, па изгледа дека Французинот наскоро ќе го видиме во Каталонија.

Што се однесува до Атлетико, Мадриѓаните нема да прават проблем, во суштина и таков договор имаа со Гризман, дека клаузулата повторно ќе биде вратена на 100 милиони евра и дека ќе може да замине во некој друг клуб.

Семејството на Гризман неодамна се состана со претседателот на Барселона, Бартомеу, поради што Атлетико подготви и тужба против каталонскиот клуб, но тие вести повеќе се сведени на минимум.

Како што стојат работите, се оди во насока дека Барселона ќе ја плати клаузулата и ќе ја исполни желбата на Ернесто Валверде и Антоан Гризман, само тогаш прашањето ќе биде како Французинот ќе се вклопи со Меси, Суарез и Дембеле, а ако пристигне и Филипе Кутињо...

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…