Дома Трансфер зона Мурињо го „пречкрта“ Рохо – го сака Мекгваер

Мурињо го „пречкрта“ Рохо – го сака Мекгваер

Манчестер Јунајтед е спремен да го продаде аргентинскиот репрезентативец Маркос Рохо за да го финансира купувањето на нов дефанзивец, пренесуваат англиските медиуми.

Еден од приоритетите на Жозе Мурињо е засилување на одбраната, а главна цел е англискиот дефанзивец Хари Мекгваер.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Наводно „црвените ѓаволи“ се спремни да платат 50 милиони евра за дефанзивецот на Лестер, но „лисиците“ бараат 10 милиони евра повеќе.

Како алтернатива се споменува Тоби Алдервајлед од Тотенхем. Наводно Манчестер Јунајтед веќе започнал преговири со „спарси“, но најпрво треба да се ослободи од еден дефанзивец. „Мирор“ тврди дека Мурињо му ја отворил излезната врата на Рохо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…