Дома Трансфер зона Мурињо во Фенербахче носи засилување од Манчестер Јунајтед?

Мурињо во Фенербахче носи засилување од Манчестер Јунајтед?

Жозе Мурињо пристигна во Фенербахче со цел да ја освои титулата, а прва мета му е познат играч на Манчестер Јунајтед.

Бројни извори објавија дека Мурињо лично го контактирал Виктор Линделоф и дека го сака Швеѓанецот во својата одбрана во Истанбул.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Интересно е што Мурињо беше тој што го доведе тогаш младиот дефанзивец од Бенфика летото 2017 година за 35 милиони евра, сега сака да го направи истото.

Линделоф некако не успеа да ги оправда очекувањата, иако веќе седум години е во Манчестер и има забележано дури 259 настапи.

Се очекува Јунајтед да направи големи промени во својот тим ова лето, па не е исклучено да го продаде Швеѓанецот во случај на вистинска понуда.

Исто така, самиот Линделоф повеќе не верува дека ќе има значајна минутажа и наводно е подготвен за нови предизвици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул го сака дефанзивецот на Јувентус

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат ме…