Дома Фудбал Англија Мурињо во Лондон разговарал со луѓе од клубот за својата иднина?

Мурињо во Лондон разговарал со луѓе од клубот за својата иднина?

Вчерашната вест која се појави дека Мурињо скоро сигурно ќе биде сменет после овој викенд беше причина да се огласи и Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед ги демантираше информациите дека Мурињо ќе биде сменет овој викенд, без разлика каков ќе биде исходот на натпреварот со Њукасл, кои ги пласираше „Мирор“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Се појавија вести дека Португалецот се договорил за раскинување на договорот со оштета од околу 15 милиони евра и дека клубот активно му бара замена.

Меѓутоа респектабилниот „BBC“ дознава дека Мурињо во Лондон навистина разговарал со луѓето од клубот за ситуацијата, но дека му е дадено време да се обиде да ги поправи работите. Во прашање се наредните неколку натпревари, иако пораз на денешниот натпревар од Њукасл би бил тежок удар.

Но, ако го преживаа Бенитез, сепак ќе има две недели пауза, а потоа натпревари против Челзи и Јувентус во кој ќе се обиде да си ја спаси работата.

Гери Невил се огласи вчера и убеден е дека од клубот се појавуваат информации, смета дека луѓето кои го водат клубот се неспособни и асполутно се е на страна на Мурињо. Тоа не може да се каже за играчите, иако обвинувањата дека го саботираат се без докази.

Во секој случај ситуацијата е јасна, барем кога е блиската иднина во прашање. Мурињо во случај на пораз од Челзи и Јувентус веројатно ќе добие отказ со оштета, но поголем проблем е неговата замена. Зидан е најголем фаворит, но не е познато дали Французинот е заинтересиран, резерзвна опција скоро и да нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Реал изгубија нерви кога видоа зошто е поништен голот на Мбапе

На стадионот Сантијаго Бернабеу моментално се одвива дербито меѓу Реал Мадрид и Барселона,…