Дома Трансфер зона „Мундо Депортиво“: Бускетс донел одлука да ја напушти Барселона

„Мундо Депортиво“: Бускетс донел одлука да ја напушти Барселона

Сeрхио Бускетс се подготвува за својата последна сезона во Барселона, пишува Мундо Депортиво.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот играч за врска се уште официјално не соопштил ништо, но клубот наводно е подготвен оваа сезона, која е и последна во неговиот актуелен договор, да биде негово збогување.

Капитенот на Барселона во новата сезона ќе влезе како 34-годишник со 451 настап за каталонскиот клуб, а со оглед на тоа колку често го користи поранешниот соиграч и сегашен тренер Чави Ернандез, до следното лето би можел да се приклучи на избраната група со 500 настапи. Потоа наводно има желба да се пресели во МЛС.

Негова цел во Америка, според шпанските медиуми, би бил Интер Мајами, клубот кој е во сопственост на уште еден легендарен играч од средниот ред, Дејвид Бекам. Бускетс во претстојната сезона ќе има можност да го освои неверојатниот 33. клупски трофеј во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…