Дома Фудбал Ќе има лудница во последниот ден од преодниот рок: Се чека и најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата!

Ќе има лудница во последниот ден од преодниот рок: Се чека и најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата!

Вечерва, најсилните европски лиги ќе ги затвораат своите врати за летниот трансфер период, со чии крај ќе се заклучат сите забележани промени.

Кој завршил преговори до сега, завршил, а многумина останаа со незавршени амбиции… Ливерпул вчера го потпиша петтиот најголем трансфер во историјата на Премиер лигата со доаѓањето на Бредли Баркол за 125 милиони евра, со можност за дополнителни бонуси од 20 милиони евра.

Денес се очекуваат официјализации на други трансфери: Ришарлисон, Фоларин Балогун, Илиман Ендиај, но најзначајниот меѓу нив е трансферот на Енцо Фернандез.

Аргентинецот денеска, освен ако не настане некој неочекуван пресврт, би требало да потпише за Манчестер Сити. Тој ќе биде засилување на Енцо Мареска, со кого соработуваше во Челзи. За овој трансфер, “граѓаните” планираат да издвојат износ од 140 милиони евра!

Тој износ не е доволен за да го надмине Александер Исак на првото место по најскапиот фудбалер во историјата на Премиер лигата, но додека се вклучат бонусите – ќе биде. Меѓутим, договорено е Сити да плати дополнителни 20 милиони во бонуси, со што целиот трансфер достигнува вкупна неверојатна сума од 160 милиони евра.

Фернандез ќе потпише договор до 2031 година со можност за продолжување за уште една сезона. Во претходната сезона за Челзи одигра 54 натпревари, постигнувајќи 15 голови и 7 асистенции.

Челзи како негова замена го детектира Ламин Камара, но Монако одби да го продаде овој летен трансфер период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За Тотенхем 350 милиони евра не беа доволни: Пристигнува и тандемот „отпишани“ на Челси!

Тотенхем ова лето веќе инвестираше над 350.000.000 евра за засилувања, но клубот од северн…