Дома Фудбал Италија Мота во Јувентус сруши рекорд на Марчело Липи!

Мота во Јувентус сруши рекорд на Марчело Липи!

Почетниот состав на Јувентус во победата од 3:0 над Комo со просек од 24 години и 122 дена е најмладиот oткако се игра во ерата со три бода за клубот од Торино.

Новиот тренер на Јувентус, Тијаго Мота испрати јасна порака на својот прв натпревар на клупата на „старите дама“ во Серија А, покажувајќи ја својата подготвеност радикално да го подмлади составот.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Просечната возраст на почетните 11 беше 24 години и 122 дена, што е нов рекорд откако за победа се добиваат по три бода.

Претходниот рекорд траеше од октомври 1998 година, кога Марсело Липи играше со тим стар 24 години и 340 дена против Винченца (1:1), во кој беа вклучени големи имиња како Зидан, Дел Пјеро, Давидс, Инзаги, Дешан…

Против Комо Јувентус славеше со головите на Ембангула, Веа и Камбијасо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ристовски и Адеми останале без тренер: Најголемата желба на Динамо е – (не)возможна мисија!

Според информациите на хрватскиот портал „24сата“ Сергеј Јакировиќ добил отказ од клупата …