Дома Фудбал Останато Мората оди во Мадрид на прегледи

Мората оди во Мадрид на прегледи

Се рализира и последниот дел од триаголникот Пијатек-Игуаин-Мората. Милан го доведе Пијатек, Игуаин беше испратен во Челзи, а со самото тоа и Мората беше принуден да бара нова средина. А таа е Мадрид и црвено-белиот дрес на Атлетико.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Речиси сите медиуми ја пренесоја веста дека трансферот на „Вандо Метролитано“ е завршена работа, а „Goal.com“ објави дека закажани се лекарските прегледи. Тоа значи дека проектираниот „синџир“ на релацијата Милан-Челзи-Атлетико Мадрид, за сега полека се формира, а тој се состои во тоа дека Милан го доведе Пијатек и го испрати на позајмица Игуаин во Челзи, а од таму Мората си оди во Атлетико Мадрид.

Сега уште се чека Атлетико да го продаде Калиниќ, а хрватскиот напаѓач, кој пристигна од Милан е на чекор од заминување во Бетис. Мората оваа сезона на 24 натпревари постигна девет гола или гол на секои 166 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…