Дома Фудбал Лига на шампиони „Мозокот“ на Јуве: Реал е навикнат да победува, но нешто се прашуваме и ние!

„Мозокот“ на Јуве: Реал е навикнат да победува, но нешто се прашуваме и ние!

Фудбалерот од средината на Јувентус, Миралем Пјаниќ даде интервју за официјалната страна на УЕФА пред финалето во Лигата на шампионите.

До спектаклот во Кардиф останаа уште четири дена.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“Во Лигата на шампионите играат најдобрите клубови и играчи. Ова исклучително силен турнир. Во текот на годината секојдневно работевме за да стигнеме тука каде што сме, да се бориме за трофејот и оптимисти сме. Да се освои Лигата на шампионите е нешто незамисливо. Реал Мадрид имаше одлична сезона и тие се актуелни освојувачи, што значи дека навикнати се да победуваат во вакви натпревари, но секако дека и ние нешто се прашуваме”.

“Mислам дека со тоа што го покажавме во досегашните натпревари заслужуваме да сме во финалето. Ова беше едно фантастично патување и тимот поседува огромна желба да го подигне пехарот. Мораме да бидеме мирни, натпреварот ќе го одлучат детали. Тие имаат слабости, како и ние или било кој тим”, изјави Пјаниќ.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Млад фудбалер ликвидирал жена, деталите се застрашувачки

Руската фудбалска сцена беше потресена од шокантна вест! 20-годишниот фудбалер Даниил Сека…