Дома Фудбал Останато Многу фудбалери не можат да си дозволат намалување на платите

Многу фудбалери не можат да си дозволат намалување на платите

Многу професионални фудбалери од целиот свет заработуваат малку повеќе од просечниот приход и не можат да си дозволат да ги намалат своите плати за време на пандемијата на коронавирус, објавија од Сојузот на фудбалери (ФифПро).

Фудбалерите на Барселона и Атлетико Мадрид во Шпанија и Јувентус во Италија веќе прифатија големо намалување на платите, а постои јасно барање таков потег да одобрат и фудбалерите во Премиер лигата, но генералниот секретар на ФИФПРО, вели дека ситуацијата во послабите лиги е критична.

„Повеќето играчи земаат далеку помалку од просекот во нивните земји. Фудбалери со ниски плати постојат низ целиот свет, и секое намалување може да има драстични последици во однос на плаќање на кирија или купување намирници за нивните семејства. И во Италија не е исто на пример – Јувентус имаат поинакви плати од тие клубови кои се на дното на табелата“, изјави Баер-Хофман.

Тој додаде дека иако повеќето клубови се разумни во овој поглед, постојат исклучоци.

„Постојат стравувања дека во некои делови на светот, многу клубови веќе донесуваат единствени одлуки во врска со отпуштањата и намалувања на платите при услови, што играчите едноставно не можат да си ги дозволат. Повеќето од клубовите се во сериозна финансиска тешкотија и не сакам да генерализирам, но гледаме примери на неодговорни и цинични реакции“, додаде генералниот секретар.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Марсело покажа како изгледа неговото тело по изолацијата (ФОТО)

Mногу фудбалери ја искористија домашната изолација за да работат на нивната физичка форма.…