Синиша Михајловиќ пред неколку дена излезе од болница после третманот против леукемијата која му се врати по вторпат. Веднаш по излегувањето српскиот стратег го дочекаа убави вести.
Болоња играше одлично во изминатиот месец, па така Серија А го прогласи за тренер на месецот во месец април. Наградата на Михајловиќ е доделена за „спортски резултати надвор од теренот“. Првиот човек на калчолигатаи стакна дека директорите на спортските медиуми во Италија искажале голема поддршка за Србинот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Признанието не е само за резултатите на теренот, тој состави фантастичен стручен штаб кој успева да го пренесе неговиот дух на соработниците и фудбалерите. Овој тим на Болоња прикажа навистина борбен дух“, изјави првиот човек на најсилната италијанска лига, Луиџи Де Сиерво.