Дома Фудбал Италија Михајловиќ откако излезе од болницата се огласи со видео порака

Михајловиќ откако излезе од болницата се огласи со видео порака

0

Српскиот стратег Синиша Михајловиќ беше пуштен од болницата откако го заврши вториот циклус на хемотерапија.

Имено, пред неколку месеци на Михајловиќ му беше дијагностицирана леукемија поради што тој веднаш започна со лекување. Болоња одлучи тој да остане на клупата, а Михајловиќ на два пати излегуваше од болницата за да го води својот тим во Серија А.

Михајловиќ после две недели излезе од болницата каде што беше завршен вториот циклус, но не е познато дали ќе се врати на тренинзите и натпреварите на Болоња толку брзо.

Српскиот стратег одлучи преку друштвените мрежи да испрати видео порака до играчите и навивачите.

„Жал ми е што не можев да бидам дел од натпреварот помеѓу легендите на Болоња и Реал Мадрид, но излегов од болница и навистина сакав да бидам со сопругата и децата. Се надевам дека тоа ќе го разберете. Ви благодарам на поддршката која ми ја давате и што останавте покрај мене. Се борам со оваа болест, се чуствувам добро и ќе победам во сето ова“, порача Михајловиќ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кавани како слободен играч доаѓа во Манчестер Јунајтед?

Манчестер Јунајтед катастрофално влезе во новата сезона и со сигурност мора да се засилува…