Дома Македонски спорт Миркуловски: Словенија е фаворит, одиме по изненадување!

Миркуловски: Словенија е фаворит, одиме по изненадување!

Maкедонија утре ја очекува првиот натпревар на Европското првенство, а противник ќе биде селекцијата на Словенија.

Словенија е фаворит, тоа е јасно, меѓутоа Македонија ќе оди по изненадување. Филип Миркуловски кој на подготовките се приклучи нешто подоцна истакна дека според него спремни сме да ги изненадиме Словенците.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Јас на овие подготовки се приклучив доста касно, но гледам дека сите репрезентивци се спремни. Словенија е апсолутен фаворит, нивните резултати на претходните европски и светски првенства се секогаш добри. Имаме проблеми со ковид, повредени играчи, меѓутоа тоа е што е. Тактички и физички се спремни, па затоа одиме во ова прво коло по изненадување“, изјави Миркуловски.

Натпреварот со Словенија го играме утре од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ракометарите ќе играат против Јапонија на домашен терен!

ЕХФ неделата што следува во октомври ќе биде прва работна за машките репрезентации, а Маке…