Дома Македонски спорт Миовски: Ни се падна најтешката група, но за да играме на СП мораме да победиме големи репрезентации

Миовски: Ни се падна најтешката група, но за да играме на СП мораме да победиме големи репрезентации

Репрезентацијата на Македонија денес доби тежок ждреб во баражот за Мундијалот во Катар.

Во полуфиналето ќе се сретнеме со Италија, додека со евентуален пласман во финалето ќе гостуваме на Италија или Турција. Коментар и свое мислење за ждребот за нашиот сајт даде напаѓачот Бојан Миовски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Од 3-групи ни се падна реално најтешката, но тоа е фудбалот ако сакаме да играме на Светско првенство мораме да победиме големи репрезентации. За несреќа вториот натпревар се игра на гости, но што е тука е, прво да се концентрираме на Италија останува да бидеме во добра форма до март и да бидеме сите здрави. Се игра еден натпревар 90 минути и се е можно. Италија е фаворит, но само на хартија, ние имаме одлична репрезентација, одлична атмосфера и мислам дека имаме шанси да победиме“, ни изјави Миовски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…