Дома Трансфер зона „Милионерот“ оди во Милано, но во кој клуб?

„Милионерот“ оди во Милано, но во кој клуб?

Градските ривали Интер и Милан во финишот од преодниот рок ќе водат голема борба на трансфер пазарот.

Имено, двата клуба од Милано покажаа голем интерес за фудбалерот на Борусија Дортмунд, Емре Мор кој веќе некое време има голема желба да ги напушти „милионерите“.

Мор има 20 години и минатата сезона настапи на 19 натпревари, постигна еден гол и подели три асистенции, па смета дека мора да добива повеќе простор за игра.

Овој фудбалер неодамна беше блиску до трансфер во Интер, но на крајот целата операција пропадна, па сега „нероаѕурите“ ќе се обидат да ја поправат грешката, но овој пат ќе имаат голема конкуренција од нивниот градски ривал.

Милан игра на картата на менаџерот на фудбалерот, кој е истиот оној кој се грижи и за кариерата на Хакан Чалханоглу.

„Емре Мор ќе игра во Италија“, изјави менаџерот, Демитрас, но сепак не откри за кој клуб точно станува збор. Мор до овој момент запиша и 12 настапи за турската репрезентација каде и што постигна еден погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Атлетико и Јувентус ја сакаат новата ѕвезда на Арсенал

Младата ѕвезда на Арсенал, Букајо Сака може да го напушти „Емирати“ следното лето. Интерес…