Дома Македонски спорт Милевски: Мораме да бидеме на највисоко ниво за позитивен резултат со Исланд

Милевски: Мораме да бидеме на највисоко ниво за позитивен резултат со Исланд

Македонија утре го игра натпреварот против Исланд од петтото коло во квалификациите за Светското првенство, денес селекторот Благоја Милевски ја одржа редовната прес-конференција пред овој натпревар.

Mилевски е свесен дека не очекува еден тежок натпревар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Натпреварот со Ерменија го оставаме зад нас. Жалам за пропуштените два бода. Момците направија се што се договоривме, но ни недостасуваше, тој завршен пас и реализација. Исланд е одлична репрезентација, против Романија беа поразени, но не заслужија. Сите сме свесни за тоа и ќе мора да бидеме на највисоко ниво за да стигнеме до позитивен резултат“.

Репрезентација се наоѓа во еден период на трансформација.

„Се наоѓаме во фаза на трансформација, едно освежување со играчи кои имаат помала минутажа во репрезентацијата и кои заслужија да бидат тука со настапите за У21. Сите се големи професионалци, секогаш сакаат да победат кога се на терен, не гледам зошто да не биде така и утре. Против Ерменија направивме се, но некогаш не оди. Секој натпревар е важен, па така и овој. Со добар резултат ќе останеме конкурентни за една од двете позиции“, изјави Милевски.

Натпреварот е закажан за утре со почеток од 18:00 часот.

Фото: ФФМ/Петр Стојановски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…