Раководството на Милан веќе почна да работи на летни засилувања, а приорет ќе биде засилување на средниот ред.
„Росонерите“ на лето сигурно ќе останат без Монтоливо и Бетолачи, на кои им завршуваат договорите, а и откупот на Бакајоко не е така сигурен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека прва цел на Милан ќе биде ѕвездата на аргентинскиот гигант Ривер Плата, Хуан Квинтеро.
Овој 26-годишен Колумбиец го привлече вниманието на клубот од „Сан Сиро“ и веќе почнаа да работат на неговиот трансфер.
Квинтеро од 1-ви јануари и официјално е во сопственост на Ривер, откако аргентинскиот клуб му плати 3 милиони евра на Порто. Колумбиецот претходно во Европа играше и во дресовите на Пескара и Рен.
Квинтеро во договорот со Ривер Плата има откупна клаузула од 22 милиони евра, а „росонерите“ наводно се спремни да ја платат таа сума, па многу е веројатно дека Колумбиецот ќе го гледаме во дресот на Милан од следната сезона.
На Квинтеро му се предвидуваше многу поголема кариера, но сепак не се снајде најдобро во Европа, каде пристигна како многу млад.
Сега блесна во дресот на Ривер Плата, а одигра одлично и на Светското првенство за колумбиската репрезентација.
??'Don Balon': "#Milan pronto a pagare la clausola di #Quintero da 22 milioni di euro" ??
? #CMITmercatohttps://t.co/fqoGoFknov
— calciomercato.it (@calciomercatoit) May 3, 2019