Шпанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за играчот на Реал Мадрид, Дани Себаљос и сака да го донесе на „Сан Сиро“ во зимскиот преоден рок.
Себаљос ова лето пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ од Бетис за 18 милиони евра, но не добива голема минутажа кај Зинедин Зидан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако за него беа заинтересирани многу европски гиганти, меѓу кои и Барселона, младата шпанска ѕвезда го избра Реал Мадрид, но таму не може да се избори со големата конкуренција.
„Дарио Мадридиста“ пренесува дека Себаљос размислува за промена на средината во јануари, а таквата ситуација сака да ја искористи Милан кој е во потрага по квалитетен играч за врска.
Реал Мадрид е спремен да ги исполни барањата на играчот и да го пушти на позајмица, но „росонерите“ сакаат во договорот да има клаузула со која ќе можат да го откупат на крајот на сезоната.