Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може да биде замена за Оливие Жиру.
Најново име на списокот на „росонерите“ е напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Гименез. Мексиканецот со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На Милан воопшто нема да му биде лесно да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Мексиканецот интерес покажуваат уште Реал Мадрид, Челзи и ПСЖ.
Меѓутоа, „росонерите“ веќе започнале преговори и агентот на Гименез вчера бил во Милано на средба со раководството. Милан е спремен да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.
📰 @86_longo: Afternoon meeting between Moncada and Santiago Gimenez's agents pic.twitter.com/RWyPzwEkZi
— Milan Posts (@MilanPosts) April 26, 2024