Дома Фудбал Италија Милан не го дава Тео Хернандес, му спреми богат договор

Милан не го дава Тео Хернандес, му спреми богат договор

Тео Хернандес е еден од најважните фудбалери на Милан и клубот сака уште долго да го задржи во своите редови.

Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па е на мета на многу европски гиганти.

Тео Хернандес има договор со „росонерите“ до 2026 година, но Милан е спремен да му понуди нов договор со значително повисока плата.

Тео е еден од најважните играчи во тимот и моментално заработува 4 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе се израмни со Рафаел Леао со плата од 7 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе: Да играм под водство на Зидан е како сцена од филм

Капитенот на Франција, Килиан Мбапе, вели дека да биде воден од Зинедин Зидан во националн…