Милан и Јувентус покажуваат сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат италијанските медиуми.
22-годишниот играч за врска игра фантастично, веќе дебитираше за француската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Јувентус е силно заинтересиран бидејќи во него гледа идеална замена за суспендираниот Погба и примарна цел ова лето им е засилување на средниот ред.
Милан исто така сака да го засили средниот ред, па двата клуба веќе имале контакт со неговиот агент и работат на трансферот