Мауро Икарди на лето би можел да се врати во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.
Икарди оваа сезона игра во Галатасарај како позајмен фудбалер од ПСЖ и во Турција си ја „оживеа“ кариерата.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Аргентинецот е во извонредна форма и оваа сезона на 13 меча постигна 9 гола и 6 асистенции.
Икарди на лето ќе се врати во ПСЖ, но јасно е дека за него нема повеќе место во Париз, а интерес за него покажуваат италијанските клубови.
Неговата менаџерка, Ванда Нара за италијанските медиуми потврди дека Милан и Рома ја контактирале и покажале силен интерес за напаѓачот.
29-годишниот напаѓач сака да се врати во Италија и е спремен да прифати помала плата за повторно да игра во Серија А.