Дома Трансфер зона Милан и Наполи го сакаат дефанзивецот на Реал

Милан и Наполи го сакаат дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо ова лето ќе го напушти „кралскиот“ клуб, а кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За неговиот потпис се борат Милан и Наполи, кои веќе стапиле во контакт со агентот на Шпанецот.

Начо е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“, а Милан и Реал Мадрид имаат одлични односи што се покажа за трансферите на Тео Хернандес и Брахим Дијаз.

Двата клуба би можеле да го договорат трансферот на едногодишна позајмица со право на откуп за 15 милиони евра.

Ситуацијата ја следи и Наполи, кој смета дека Шпанецот би бил идеална замена за Кулибали, кој најверојатно ќе биде продаден до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…