Раководството на Милан му спрема нов договор на тренерот Стефано Пиоли после одличниот почеток на сезоната во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После седум кола во Серија А Милан се наоѓа на второто место во Серија А со 19 бодови, два помалку од лидерот на Пиоли кој сезоната ја отвори со седум победи во седум натпревари. Милан во првите седум кола оствари учинок од шест победа и едно реми со гол разлика 15-5. Тоа е најдобр старт за овој клуб уште од сезоната 2003/2004.
Според дел од италијанските медиуми клубот е задоволен со резултатите и му спрема нов договор на Пиоли. Неговиот актуелен договор има важност до крајот на оваа сезона.
Во Милан Пиоли дојде во октомври 2019 година и во април минатата година поради лошиот период на тимот се најавуваше отказ, сепак сега ситуацијата е променета.