Дома Трансфер зона Милан донесе одлука за Лука Јовиќ

Милан донесе одлука за Лука Јовиќ

Лука Јовиќ ова лето пристигна во Милан на позајмица од Фиорентина, но „росонерите“ имаат опција да го задржат на крајот на сезоната.

Јовиќ лошо ја отвори сезоната, но како што одминуваше сезоната Србинот игра се подобро и моментално е во одлична форма.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Милан има опција во договорот да го задржи на крајот на сезоната без обештетување, бидејќи Јовиќ во Фиорентина пристигна како отстапен од Реал Мадрид.

Раководството на Милан е задоволно од неговиот учиник во тимот и е спремно да му понуди 3-годишен договор, па двете страни се блиску до договор.

Јовиќ постигна 6 гола на последните 8 меча и покажа дека има квалитет, па Милан сака да го задржи како опција во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Каземиро и Варан се враќаат во Мадрид

Рафаел Варан и Каземиро не е задоволни од тоа како се одвиваат работите во Манчестер …