Францускиот фудбалер Оливие Жиру по крајот на сезоната ќе го напушти Милан, пренесува Газета дела спорт.
Истиот извор наведува дека Жиру најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Америка, но не се открива во кој клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Жиру дефинитивно ја одбележа новата ера во Милан и во 2022 година беше еден од најважните фудбалери во освојувањето на Скудетото. За „росонерите“ вкупно францускиот напаѓач постигна 46 гола и запиша 20 асистенции на 120 натпревари.
Ако Жиру навистина го напушти Милан, тогаш Лука Јовиќ кој претходно се поврзуваше со заминување би можел да остане.