Дома Трансфер зона Милан го сака португалскиот „вундеркинд“ од Бенфика

Милан го сака португалскиот „вундеркинд“ од Бенфика

Милан е е во потрага по квалитетен играч за врска, а италијанските медиуми пренесуваат дека започнати се преговори со Бефика за трансфер на Флорентино Луис.

20-годишниот играч за врска важи за еден од најголемите таленти во Европа и веќе е незаменлив дел од лисабонскиот тим, а има откупна клаузула од 120 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Јасно е дека Милан нема намера да ја плати клаузулата, но Бенфика за својот „бисер“ бара 50 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е спремен како дел од договорот да го вклучи Лукас Пакета, за кого Бенфика покажува сериозен интерес.

Цената на Бразилецот во моментов изнесува 40 милиони евра, па се очекува двата клуба брзо да ја формулираат трампата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…