Дома Фудбал Милан го испрати Адли на позајмица во Фиорентина

Милан го испрати Адли на позајмица во Фиорентина

Францускиот фудбалер Јасин Адли се пресели од Милан во Фиорентина, соопшти денеска клубот од Фиренца.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што беше најавено, Адли (24) до крајот на сезоната ќе игра за клубот од стадионот Артемио Франки како позајмен играч, по што ќе биде купен за 10 милиони евра, а Милан ќе добие и 10 отсто од пренос во случај на последователна продажба.

Адли порасна во Пари Сен Жермен, а пред Милан играше и во Бордо. Минатата сезона одигра 33 натпревари за Милан во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Некогаш беше член на сите јуниорски селекции на Франција, но никогаш не дебитираше за А тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино повторно се огласи: Повторувам, мораме да ги почитуваме судиите и правилата

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино повторно се огласи преку социјалните мрежи, среде по…