Дома Фудбал Италија Милан го „блиндира“ Леао со богат договор

Милан го „блиндира“ Леао со богат договор

Милан започна преговори со Рафаел Леао за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

23-годишниот Португалец пристигна на Сан Сиро пред две години, а оваа сезона буквално „експлодира“ и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.

Леоа го привлече вниманието на многу европски гиганти, па Милан сака брзо да реагира и веќе започна преговори за нов договор.

Милан сака да го „блиндира“ со нов договор и му понудил тројно зголемување на платата и откупна клаузула од 200 милиони евра.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите ќе се интензивираат следниот месец и дека Леао ќе стави потпис на договор до 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанците тврдат: Кунде останува нерегистриран!

Oвие денови чудна е ситуацијата во Барселона. Одличниот преоден рок на крајот би можел да …