Дома Македонски спорт Меѓународен џудо турнир во Прилеп

Меѓународен џудо турнир во Прилеп

0

Во организација на џудо клубот „Сеишин“ и оваа година во Прилеп ќе се одржи 11-ти по ред меѓународниот џудо турнир „Прилеп – Град Херој“.

Турнирот се одржува во чест на Денот на народното востание „11.Октомври“, со поддршка на Општина Прилеп.

Прилепскиот клуб „Сеишин“ како еден од најмасовните клубови во државата, заедно со Општина Прилеп, ја имаат најголемата заслуга за организирањето на еден ваков реномиран меѓународен натпревар, кој придонесува за развој на џудото во нашата држава.

Турнирот ќе се одржи на 6-ти октомври во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, а пријавувањето е во тек.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Писонеро: Распоредот е густ, против Нексе шанса ќе добијат младите

Само ден после победата над Порто во Лигата на шампиони, македонскиот шампион Вардар се пр…