Дома Македонски спорт Мак ракомет Металурзите не издржаа до крај: Горење славеше во „Борис Трајковски“

Металурзите не издржаа до крај: Горење славеше во „Борис Трајковски“

Во рамките на шестото коло од СЕХА регионалната лига, Металург запиша нов пораз овојпат од Горење со 25:29.

Иако беа добар противник, ракометарите од Автокоманда не успеаа да го издржат притисокот во финишот на мечот од страна на гостинскиот состав кој во клучните моменти направи значителна предност.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На полувремето гостите успеаа да задржат два гола позитива, па на пауза заминаа со резултат 14:16.

На стартот на вториот дел Металурзите поведоа со два гола предност, по серијата 4:0, но не издржаа до крај, па клучен за Горење беше финишот од мечот.

Јагањац во редовите на Металург беше најуспешен со шест постигнати голови, додека кај Словенците тоа беше Поточник со постигнати пет погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го прегази Тиквеш и се „загреа“ за дербито против Пелистер

Ракометарите на Вардар во натпреварот одигран во малата сала на спортскиот центар „Јане Са…