Дома Фудбал Сити го освои Карабао купот по победата над Арсенал

Сити го освои Карабао купот по победата над Арсенал

Манчестер Сити го освои Карабао купот, откако убедливо победи со 2:0 во финалето против Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Граѓаните“ триумфираа по два гола постигнати само во рамките на четири минути од младиот Нико О’Рајли (60’, 64’), кои на крајот ги нокаутираа лондонците. Екипата на Микел Артета започна подобро во првите дваесет минути, кога можеше да поведе во натпреварот, но потоа целосно ја предаде иницијативата на својот противник.

Играчите на Сити заиграа многу подобро, особено на почетокот на второто полувреме, кога го нанесоа нивниот двоен удар. Во последните минути повторно иницијативата ја презедоа играчите на Арсенал, но неколкуте пропусти ги чинеа скапо. Огромна грешка направи и Микел Артета, кој предолго го остави на теренот Пиеро Енкапије, кој уште од почетните минути имаше жолт картон, а токму преку неговата зона дојдоа двете центрирања за головите на Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бајката продолжува: Зелено’ртски Острови напишаа нови историски страници на Светското првенство

Репрезентациите на Уругвај и Зелено’ртски Острови одиграа нерешено 2:2 во натпреваро…