Tимот на Металург продолжува да се засилува за новата сезона, ново име во Автокоманда е Бразилецот, Енрике Тешеира.
31 годишниот среден бек доаѓа од екипата на ЧСМ Букурешт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за ракометар кој е висок 192 сантиметри и тежок 102 килограми, беше дел и од репрезентацијата на Бразил на Светското првенство во 2019 година. Во неговата кариера го носеше дресот на Гранољес од Шпанија, со овој тим играше во ЕХФ купот, меѓутоа се уште нема забележано настап во Лигата на шампионите.
Во овој период Металург работи со полна пареа, Тешеира е четврто засилување. Пред него пристигнаа: Никола Потиќ, Момр Рниќ и Бранко Канкараш.