Дома Фудбал Меси тренираше, можно е да игра против Борусија Дортмунд

Меси тренираше, можно е да игра против Борусија Дортмунд

Капитенот на Барселона, Лионел Меси денес го одработи вториот целосен тренинг со остатокот од тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот е надвор од терените повеќе од еден месец и се уште нема одиграно ниту една минута оваа сезона.

Меси веќе два дена одработува целосни тренинзи со остатокот од тимот, па можно е да биде повикан за утрешниот меч со Борусија Дортмунд.

За неколку часа ќе биде објавен официјалниот список на играчи кои ќе патуваат во Дортмунд, а медиумите тврдат дека Меси скоро сигурно ќе биде дел од групата.

Меѓутоа, тренерот Валверде пред мечот со Валенсија изјави дека повредата на Меси не била наивна, па нема да брза со неговото враќање на теренит и истакна дека тешко ќе го видиме во првиот меч од Лигата на шампиони.

Покрај Меси, денес во тимот на Барса се врати и резервниот голман Нето, кој го одработи првиот тренинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најдобриот играч на Парагвај прв во историјата доби црвен картон со новото правило на ФИФА

Врвниот фудбалер на Парагвај, Мигел Алмирон, стана првиот играч кој во историјата доби црв…