Дома Фудбал Останато Меси наградата ја посвети на своите соиграчи од Аргентина

Меси наградата ја посвети на своите соиграчи од Аргентина

Лионел Меси ја освои „Златната топка“ за најдобар играч во светот за 2021 година.

Ова за него е рекордна седма „Златна топка“, откако претходно ја добиваше во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меси минатата сезона не постигна ништо значајно со Барселона, но ја освои Копа Америка со аргентинската репрезентација, поради тоа наградата ја посвети на своите соиграчи од Аргентина.

„Чувствував дека нешто ми недостига и оваа година успеав тоа да го остварам, со Аргентина да бидам јужноамерикански првак. Голем дел од оваа награда оди за моите соиграчи на Копа Америка, зашто без нив немаше да го освојам ни трофејот, ни наградата“, истакна Меси.

Во траката Меси го победи Левандовски, кој остана на второто место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…