Преговорите помеѓу Лионел Меси и ПСЖ и понатаму се во застој и се поизгледни се шансите дека тој ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
Во меѓувреме Барселона прави се што е во нејзина моќ за да ја врати легендата на „Камп Ноу“, бидејќи Меси е еден од најдобрите во историјата на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меси исто така е спремен да се врати, но „Кадена Сер“ открива дека Аргентинецот побарал раководството на чело со Лапорта јавно да се извини што дозволиле да замине пред две години.
Лапорта неодамна имал состанок со таткото на Меси, а преговорите ќе продолжат и во следните недели.
🚨🚨✅| JUST IN: FC Barcelona & Leo Messi are about to reach an AGREEMENT for his return! Talks are very advanced.@CatalunyaRadio [🎖️] pic.twitter.com/5vfzz4wflE
— Managing Barça (@ManagingBarca) April 26, 2023