Дома Фудбал Останато Меси изведе трик со шише и топка и ја подели јавноста: Магија или монтажа? (ВИДЕО)

Меси изведе трик со шише и топка и ја подели јавноста: Магија или монтажа? (ВИДЕО)

Лионел Меси секако важи за еден од најголемите магионичари во историјата на фудбалот, но она што го направи во реклама за „Пепси“ изгледа навистина неверојатно.

„Пепси“ подготвува нова реклама со фудбалските ѕвезди, а како најава се појавија неколку видеа на социјалните мрежи. Едно од нив објави Меси на неговиот Инстаграм профил.

Во видеото Меси мести шише врз топка, ја шутира топката и таа минува низ обрач додека шишето перфектно се приземјува.

Дел од фудбалската јавност тврди дека ова е уште еден доказ дека е најголем, а може да се прочитаат и коментари дека станува збор за монтажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Што подготвува Јуве за крајот на трансферниот период, и каква реакција предизвика Кеси?

Два натпревара, две победи без примен гол на почетокот на новата сезона во Серија А. На пр…