Дома Останати Авто Мото Мерцедес победнички во Мелбурн – најбрз беше Ботас!

Мерцедес победнички во Мелбурн – најбрз беше Ботас!

botas

Новата сезона во Формула 1 започна со победа на Мерцедес, но славеникот не Луис Хамилтон, туку Валери Ботас.

Ботас во вчерашните квалификации ја обезбеди втората стартна позиција, но беше многу побрз на стартот од неговиот тимски колега Луис Хамилтон кој ја имаше пол-позицијата. Ботас го престигна Хамилтон уште на првиот свиок. Таа предност успеа да да ја сочува до крајот на трката.

Третата позиција му припадна на Верстапен кој за прв пат се искачува на подиумот во Австралија. Разочарување во Мелбурн доживеа тимот на Ферари кој не освои ниту едно од првите три места. Себастијан Фетел заврши на четвртата позиција, додека неговиот нов тимски колега Леклер ја освои петтата позиција.

Места кои носат бодови освоија уште Магнусен, Хулкенберг, Раиконен, Строл и Квајт.

Оваа трка е историска и затоа што Ботас освои 26 поени што е прв случај во историјата на трките на Ф1. Тоа е така поради новото правило кое стартуваше од овој викенд, а тоа возачите да добиваат дополнителни бодови за најбрз круг (под услов да бидат во првите 10).

Следна трка на програмата во Бахреин на 31-ви март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Трагедија: Загина еден од најталентираните мотоциклисти во Европа

Тажни вести доаѓаат од Шпанија откако на трка во Алканиз загина еден од најталентираните м…