Дома Моторспорт Ферари падна на тестот, а Васер покажа со прст на Мерцедес

Ферари падна на тестот, а Васер покажа со прст на Мерцедес

По разочарувачкиот викенд во Канада, шефот на Ферари, Фред Васер не бараше изговори. Наместо тоа, отворено ги призна грешките и ги пофали ривалите од Мерцедес.

Големата награда на Канада донесе уште еден слаб резултат за Ferrari, а шефот на тимот Фред Васер не заобиколуваше – го нарече викендот „големо промашување“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Шарл Леклер и Луис Хамилтон не успеаја да бидат ни блиску до борбата за врвот, завршувајќи далеку зад водечките.

Ниту еден возач на Ферари не можеше да го следи темпото на Мерцедес, Мекларен, а секако не ни на Макс Верстапен во Ред Бул.

Во меѓувреме, Мерцедесзаблеска – со двата возачи на подиум, по неколку послаби викенди. Токму во тоа Васер гледа важна порака.

„Покажавме дека имаме брзина кога Шарл возеше виолетов прв сектор во квалификациите“, рече Васер.

Васер јасно покажа кон низата грешки што се редеа од почетокот: „Направивме премногу грешки како тим – од сударот на првиот тренинг, до промашувањето во квалификациите и проблемот со животното на патеката.“

Во трката, да потсетиме, Луис Хамилтон удри мрмот, што дополнително го искомплицира неговиот настап.

„Борбата е толку тесна што една грешка може да значи неколку позиции помалку“, додаде Васер. „Мерцедес е добар пример. Пред три трки не беа никаде, а сега се со двата возачи на подиум.“

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

„Бомба“: Верстапен започнал преговори за заминување од Ред Бул, познато и со кој тим!

Големи вести пристигнаа за Макс Верстапен, а ги објавија новинарите на Sky Sports од Итали…