Дома Останати Мекинро тврди: Ѓоковиќ ќе освои повеќе Грен слем титули од Надал и Федерер

Мекинро тврди: Ѓоковиќ ќе освои повеќе Грен слем титули од Надал и Федерер

Легендарниот тенисер Џон Мекинро е убеден дека Новак Ѓоковиќ ќе успее да биде подобар од Роџер Федерер и Рафаел Надал според број на освоени Грен слем титули.

По неодамна завршениот Вимблдон на кој триумфираше Ѓоковиќ во епско финале, повторно се разгоре трката за Грен слем титули, како и за епитетот „најдобар“. Во моментов пред Србинот се Рафаел Надал со 18 Грен слем трофеи и Роџер Федерер кој е рекордер со 20.

Сепак, Мекинро смета дека ситуацијата ќе се смени во корист на Ѓоковиќ и тоа во годините кои доаѓаат.

„На крајот, верувам дека Ѓоковиќ ќе има повеќе Грен слем титули од Надал и Федерер. За две-три години мислам дека ќе се случи тоа“, тврди Мекинро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ објави голема вест, се враќа на омилено место

Најдобриот македонски тенисер Новак Ѓоковиќ соопшти дека ќе учествува на АТП турнирот од с…