Дома Трансфер зона Мбапе проговори: Морам да ја донесам вистинската одлука

Мбапе проговори: Морам да ја донесам вистинската одлука

Веќе од поодамна се шпекулира дека Мбапе ова лето ќе го напушти тимот на ПСЖ.

Името на младиот Французин најчесто се поврзува со Реал Мадрид, а во трката за неговиот потпис се уште и Ливерпул и Баерн Минхен.

Еден од најмладите освојувачи на Мундијалот е свесен дека неговиот моментален клуб ПСЖ со или без него не е ист, но не е сигурен дали сака да остане и во следниот период.

„Морам да донесам вистинска одлука, да ги отворам сите можности и да ја изберам најдобрата, што нема да биде ниту малку лесно. Се наоѓам во клуб во кој сум среќен. Се чувствувам добро, но дали тоа е најдоброто место за мене? Се уште немам одговор на тоа прашање.“ – рече Мбапе.

„Знам дека проектот на ПСЖ е различен со мене или без мене. Но, тие го разбираат моето размислување, бидејќи знаат дека не сакам да повлечам некој нечовечки потег.“ – додаде Французинот.

Многумина овие зборови ги сметаат како порака за негово заминување во друг клуб. Што ќе се случува во летниот трансфер период останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ленгле се сели во Серија А

Рома е силно заинтересирана за дефанзивецот на Барселона, Клемен Ленгле, пренесува каталон…