Дома Фудбал Луис Енрике со сарказам на крајот на прес-конференцијата. Аплаудираше на новинарите

Луис Енрике со сарказам на крајот на прес-конференцијата. Аплаудираше на новинарите

Пaри Сен Жермен одигра феноменален натпревар во вторникот, каде што славеше против Баерн Минхен со 5:4 на сопствениот стадион во полуфиналето од Лигата на шампионите. Реваншот е закажан за среда во 21 часот. Но, меѓу тие два спектакли, тимот на ПСЖ има малку помалку атрактивен натпревар во францускиот шампионат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во сабота во 17 часот на домашен терен ги пречекуваат Лориен во 31-то коло од францускиот шампионат. Тренерот на парижаните, Луис Енрике, одржа прес-конференција пред натпреварот со Лориен, но ја напушти разочаран. На крајот им аплаудираше на новинарите поради фактот дека ниту едно прашање не беше поврзано со Лориен. Сите прашања беа фокусирани на Баерн и Лигата на шампионите.

ПСЖ е актуелен шампион четири години по ред, а многу е веројатно дека ќе го освои и оваа година. Имаат шест бодови предност пред второпласираниот Ленс, а до крајот им остануваат уште четири натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хјумланд веќе се поздрави со соиграчите и чека сигнал од Милано!

По доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим, во Милано се работи на реконструкција на тимот…