Дома Фудбал Соништата се едно, реалноста е друго: Бернардо Силва сака да игра за еден клуб, но тоа е (не)возможно!?

Соништата се едно, реалноста е друго: Бернардо Силва сака да игра за еден клуб, но тоа е (не)возможно!?

Бернардо Силва ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната и неговата желба повторно е – Барселона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сигурни каталонски извори открија дека Жорже Мендеш сака да го реализира овој трансфер и да го искористи своето пријателство со Жоан Лапорта, иако играчот од средниот ред не е приоритет во летниот трансфер период.

Конкуренцијата во средниот ред е огромна, но некои извори пишуваат дека постојат добри причини поради кои Барселона на крајот би можела да „попушти“. Марк Касадо го напушта клубот ова лето, Барселона може да заработи чист приход од него бидејќи е потекло од „Ла Масија“, додека не е невозможно Фермин Лопез по потреба да игра и на левото крило, па би било добро да се има уште еден играч во ротацијата.

Силва би бил идеална замена за Педри, кој беше изморен во текот на сезоната, во еден момент и повреден и за него едноставно не постои вистинска замена во овој тим.

Трето, Силва е играч кој може да игра на практично сите позиции во средниот ред, порано кај Пеп играше десно крило што беше и неговата примарна позиција, но подоцна се истакна како универзален среден играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква прослава не сте виделе:Фудбалер извади нешто неочекувано и го покажа кон камерата (Видео)

Фудбалерите на Интер од Торонто синоќа на свој терен убедливо го победија Атлетико од Отав…