Во Реал Мадрид се убедени дека наредното лето ќе им се приклучи еден од најдобрите фудбалери во светот, Килијан Мбапе, пренесува „АС“.
Мбапе наводно им дал ветување на челниците на Реал, кои официјалните преговори со неговите агенти ќе ги стартуваат на 1-ви јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатото лето Мбапе инсистираше да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“, но ПСЖ ги одби сите понуди од „кралевите“.
Договорот на Мбапе истекува на лето, но нема да се предомисли и на крајот на сезоната како слободен агент ќе се пресели во Мадрид.
„Килијан форсираше трансфер минатото лето бидејќи сакаше ПСЖ да добие отштета од неговото заминување. Сакаше на тој начин да му се оддолжи на клубот, но сега ќе се пресели во Мадрид како слободен играч ПСЖ е сам виновен за тоа“, наведува „АС“.