Дома Фудбал Мбапе: Моето ЕП е неуспешно. Промени? Прашајте го Дешамп

Мбапе: Моето ЕП е неуспешно. Промени? Прашајте го Дешамп

Килијан Мбапе е разочаран и самокритичен по елиминацијата на Франција во полуфиналето на ЕП. Во мечот меѓу најголемите фаворити победи Шпанија (2:1), а капитенот на Франција не беше на своето највисоко ниво на ова ЕП.

По една асистенција за гол и автогол и еден гол од пенал се малку за еден од најдобрите играчи во светот. Факт е дека за ова има оправдување во вид на скршен нос, поради што до полуфиналето играше со маска, но Мбапе тоа не го потенцира како оправдување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Или си добар за фудбал или не. Јас не бев добар. Моето ЕП беше неуспех. Сакав да станам европски шампион, но сега одам рано на одмор. Одам да се одморам, тоа ми треба за да се подготвам да започнам нов живот. Ме чека многу“, изјави Мбапе осврнувајќи се на тоа дека следната недела ќе биде претставен како играч на Реал.

Новинарите го прашаа и дали нешто треба да се смени во репрезентацијата. Тој одговори: “Јас не сум тренер, тоа е прашање за него. Не можам да дојдам овде и да кажам што треба да се промени. Само треба да бидам најдобрата верзија од себе за моите соиграчи. Тоа е прашање до тренерот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борусија Дортмунд прегазена од тајландски прволигаш

Борусија Дортмунд одигра сезона во која стигна и до финалето во Лигата на шампионите, доде…